Дома Останати Ракомет Доминација: Вардар има четири играчи во идеалниот тим на СЕХА лигата

Доминација: Вардар има четири играчи во идеалниот тим на СЕХА лигата

Тимот на Вардар заврши како првопласиран во регуларниот дел од СЕХА лигата.

Доминацијата на Вардар во ова натпреварување е забележителна и во изборот на најдобрите седум играчи кои го направија капитените на 10-те екипи кои оваа сезона беа дел од СЕХА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар во идеалниот тим имаше дури четворица претставници: Милосављев, Дибиров, Криштопанс и Карачиќ.

КОМПЛЕТНИОТ ИДЕАЛЕН ТИМ ВО СЕХА ЛИГАТА

Голман – Дејан Милосављев (Вардар)

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)

Среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)

Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)

Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)

Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)

За најдобар тренер е избран тренерот на Мешков Брест, Маноло Каденас, додека за МВП Златко Хорват од ППД Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …