Дома Фудбал Италија Докторот на Италија потврди: Ериксен во ваква ситуација не може да игра во Серија А

Докторот на Италија потврди: Ериксен во ваква ситуација не може да игра во Серија А

Франко Браконаро, лекарот во Италијанската фудбалска федерација објави дека Кристијан Ериксен додека има дефибрилатор кој му помага во работата на срцето не може да игра во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Со ситуацијата каква што е во овој момент Ериксен не може да игра во Италија. Единствениот начин е да му биде отстранет дефибрилаторот, но потоа ќе следуваат и прегледи за да се утврди дали е целосно здрав“, објави Браконаро.

Ќе потсетиме, Ериксен имаше срцев удар на првиот натпревар за Данска на Европското првенство. Треба да се спомене дека играње со дефибрилатор во други земји не е забранети, Дејли Блинд од Ајакс подолги години игра фудбал на таков начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик веќе ја избра замената за Левандовски, доаѓа за 45 милиони евра!

Се обидоа челните луѓе на Барселона да направат сè за да се договорат околу нов договор со…