Дома Фудбал Останато Докторката од Белград му одговори на Коста: Како јас да сум му крива што од 2014 не игра добро

Докторката од Белград му одговори на Коста: Како јас да сум му крива што од 2014 не игра добро

Докторката Маријана Ковачевиќ му одговори на Диего Коста кој вчера зборуваше дека имал лошо искуство со лекувањето кај неа.

Родениот Бразилец кој настапува за Шпанија јасно кажа дека се кае што одел на третман кај Ковачевиќ (повеќе за ова тука).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стигна брз одговор од Ковачевиќ.

„Нема да се обвинувам со некој кој бара причина за својата кариера која не е онаква каква што сакал да биде. Нека пишува и зборува што сака, но како ја да сум крива што од 2014 навака не игра добро“.

Таа објасни како се течело кога во 2014 година Коста дошол во Србија неспоредно пред финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Коста кај мене не дојде поради повреда. Дојде за да ја регенерира задната ложа. Имам снимка која покажува кога дошол и кога заминал. Покрај тоа со него не работев јас, туку доктор специјалист, радиолог. Испаретен беше за да биде подготвен да игра на Светското првенство и го одигра цел Мундијал, а после регенерацијата никогаш повеќе ја немаше таа иста повреда“, гласи одговорот на Маријана.

Оваа докторка е позната по тоа што кај нејзе на терапија одеа: Дарио Срна, Дејан Станковиќ, Робин Ван Перси, Алексис Санчез…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…