Дома Фудбал Англија „Дожд“ од голови на Боксинг Деј, фаворитите сигурни🎥

„Дожд“ од голови на Боксинг Деј, фаворитите сигурни🎥

Многу ефикасна празнична програма на Островот. Фаворитите остварија сигурни победи, а Сити и Лестер одиграа меч со девет голови.

Манчестер Сити фуриозно го започна натпреварот и после првите 25 минути веќе имаше предност од 4:0.

Де Бруј  го отвори резултатот во 5-та минута, а неколку минути подоцна Марез големи на 2:0. До крајот на полувремето погодија Гундоган и Стерлинг за високи 4:0.

Иако се чинеше се готово, „лисиците“ во второто полувреме се погрижија за драма и стигнаа до 4:3 до 66-та минута. Кратко траеше неизвесноста бидејќи Лапорте неколку минути подоцна погоди за 5:3, а конечниот резултат го постави Стерлинг.

Тотенхем беше сигурен на домашен терен и со 3:0 го победи Кристал Палас, додека Арсенал пукна „петарда“ на гостувањето кај Норвич. Вест Хем и Саутемптон одиграа драматичен натпревар, кој на крајот им припадна на гостите (2:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…