Таткото на првиот помошник на Пеп Гвардиола, Енцо Мареска синоќа исчезнал во Истанбул по финалето од Лигата на шампионите, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Непријатната случка завршила со среќен крај, но Енцо Мареска преживеал вистинска драма кога останатите колеги и сите во таборот на Сити славеа.
Веднаш откако заврши натпреварот на Мареска му соопштиле дека неговиот татко исчезнал во Истанбул, па тој со неколку пријатели се впуштил во потрага заедно со турската полиција.
Таткото на Енцо Мареска, Пасквале е пронајден утрово во добра состојба, но се уште е нејасно каде ја минал ноќта.