Дома Фудбал Италија Добри вести за Пирло, се враќа Дибала

Добри вести за Пирло, се враќа Дибала

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е блиску до враќање на терените после рехабилитацијата на повредата.

Аргентинецот заработи повреда на мечот против Сасуоло на почетокот на јануари и до тогаш е надвор од терените.

Дибала веќе започнал со официјални тренинзи и самиот потврди дека е блиску до враќање на терените.

Според прогнозите 27-годишниот напаѓач ќе биде спремен за дербито со Наполи кое на програмата е на 13-ти февруари.

Дибала оваа сезона има постигнато 3 гола и две асистенции на 16 меча во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ одреди цена од 70 милиони евра за бараниот од Ливерпул Мбаје

Двократниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е подготвен да се раздели со младиот …