Дома Фудбал Добри вести за Барселона пред дуелот со Рома!

Добри вести за Барселона пред дуелот со Рома!

Играчот за врска на Барселона, Серхио Бускетс ќе биде дел од тимот за вечешарниот натпревар со Рома во Лигата на шампиони.

Бускетс се рехабилитираше од повредата здобиена на мечот со Челзи, но синоќа доби зелено светло од лекарите и ќе биде спремен за настап.

Ернесто Валверде објави список од 18 фудбалери за мечот со Рома. Во него ги нема Алиеш Видал и Јери Мина, бидејќи таква е проценката на тренерот, но добрата вест е што ќе може да смета на Бускетс.

Ова е одлична вест за Каталонците бидејќи Бускетс е еден од најважните и најстандардните фудбалери на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…