Дома Фудбал Добри вести за Барса – се враќа Де Јонг

Добри вести за Барса – се враќа Де Јонг

Играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг се врати на тренинзите, но нема да биде дел од тимот за мечот со Еспањол утре.

Холанѓанецот се повреди пред неполн месец и имаше стравувања дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Меѓутоа, Де Јонг денес денес го одработи целиот тренинг со остатокот од тимот и набрзо ќе се врати на терените.

„Планот е Френки да се врати во тимот наскоро. Ќе видиме дали ќе може да игра против Ваљадолид во недела“, изјави Сетиен.

Холанѓанецот ќе може да игра на последните три меча од Примера, но најважно е дека ќе биде спремен за Лигата на шампиони следниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…