Дома Македонски спорт Мак ракомет Дисингер: Не си одам, сакам успех со Вардар!!

Дисингер: Не си одам, сакам успех со Вардар!!

Во македонската јавноста започна да се шпекулира дека Кристијан Дисингер ќе го напушти Вардар, но Германецот се огласи преку социјалните мрежи и порача дека тоа се лажни вести.

Дисингер во овој момент не е во ростерот на Алушовски поради повреда и се најавуваше дека тој го одиграл последниот натпревар за Вардар, но тој ги демантираше таквите најави.

Германецот порача дека ќе остане и дека сака успех со Вардар.

„Вестите дека ќе си заминам се лажни. Нема да го прекинам договорот, сакам успех со Вардар“, објави Дисингер на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Седум гола разлика во дуелот на македонските ракометни надежи: М20 победи со 34:27

Македонската селекција до 20 години ја совлада кадетската репрезентација во првата од двет…