Дома Македонски спорт Димитриевски е блиску да сруши уште еден рекорд во Рајо

Димитриевски е блиску да сруши уште еден рекорд во Рајо

Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски сезонава има вкупно 11 натпревари без примен гол во Ла Лига со што го сруши клупскиот рекорд на КонтрераС ОД 1996/1997 година.

Димитриевски во последните три сезони на голот на Рајо собра 284 интервенции и со тоа е трет најдобар голман во Ла Лига во тој период. Нашиот репрезентативец е на одличен пат и до крајот на актуелната сезона да сруши уште еден рекорд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Досега Димитриевски одигра 184 натпревари во дресот на мадритскиот клуб и му недостигаат само уште три за да стане голман со најмногу настапи за Рајо. Во овој момент рекордер е Вилфред.

Ако се знае дека Димитриевски и понатаму е незамнелив овој рекрод се очекува наскоро да биде срушен. Засега не е познато дали Димитриевски и следната сезона ќе биде во Рајо, неодамна се шпанските медиуми го поврзуваа со Валенсија, но македонскиот голман набрзо ги демантираше информациите дека има постигнато договор

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…