Дома Македонски спорт Мак фудбал Димитар Тодоровски: Сакаме да ја продолжиме серијата и да го освоиме турнирот

Димитар Тодоровски: Сакаме да ја продолжиме серијата и да го освоиме турнирот

Младата репрезентација на Македонија до 21 година вчера го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од денес до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На контролниот турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мури, учество ќе земат квалитетни репрезентации како домаќинот, Албанија и Саудиска Арабија.

Атмосферата во нашата репрезентација е на едно високо ниво, а еден од клучните играчи во репрезентацијата, Димитар Тодоровски очекува Македонија да продолжи со добрата игра и победничката серии.

Се подготвуваме одлично за претстојните предизвици што не очекуваат. Со нетрпение го очекуваме првиот дуел со Албанија. Сакаме да продолжиме со добрите игри. Започнавме одлично, со две победи над незгодната селекција на Босна и Херцеговина.

Сакаме да продолжиме во ист ритам, целта е остварување на две победи и освојување на турнирот. Нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Подготвен сум максимално и фокусиран на репрезентативните предизвици, добрата форма во која се наоѓам сакам да ја пренесам и на теренот. Секогаш е чест и гордост да се носи дресот со државен грб. 

Првиот натпревар репрезентацијата на Македонија го играме против Албанија на 23. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…