Tимур Дибиров одигра добар натпревар против германски Кил, но сепак неговиот настап не беше доволен Вардар да дојде до позитивен резултат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Против Кил Дибиров постигна десет гола од вкупно 26 на Вардар и со овој настап сигурно дека го заслужи местото во тимот на колото. Треба да се спомене и дека Дибиров одлично ја почна сезоната и од стартот на сезоната е помеѓу најдобрите стрелци во ЛШ.
ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА 6. КОЛО:
Голман – Калифа Гедбане (Динамо Букурешт)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Иван Слишковиќ (Порто)
Среден бек – Тобијас Грондал (Елверум)
Десен бек – Тејтур Орн Еинарсон (Фленсбург)
Десно крило – Алеиш Гомез (Барселона)
Пикер – Владимир Врањеш (Мешков Брест)