Ракометарите на Вардар неодамна стигнаа до трофејот во СЕХА лигата, а изјава во која зборуваше за иднината на Вардар по натпреварот за „BalkanHandball даде крилниот играч, Тимур Дибиров.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дибиров во изјавата зброуваше за ерата на Вардар по Раул Гонзалес и шансите оваа сезона да ја одбранта европската титула освоена во Келн минатата година.
„Најважната работа која Раул ја направи за овој клуб е што направи институција која може и без него, но и без Арпад, без мене…Раул заминува, добро знаеме за каков тренер се работи, но оваа машина мора да продолжи да работи и работи. Не очекуваме да бидеме послаби наредната сезона. Кога имаме таква поддршка од навивачите, државата, па и целиот Балкан зошто да не продолжиме“.
Диборв не смета и дека „рускиот шмек“ ќе биде клучен за Вардар во иднина.
„Тоа е шпекулација, не е вистина. Сега во клубот не има исто колку и што има Срби или Хрвати. Сеедно, дали во Вардар има еден Русин, тројца или повеќе, важен е само резултатот. Мојот план е секогаш да помагам и ако клубот има доверба во мене, ќе бидам среќен што можам да ја работам оваа работа тука уште многу години“, изјави Дибиров.