Тројца играчи постигнаа хет-трик ова кола во Лигата на шампионите, но ниту еден од нив не ја доби наградата за играч на колото во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Паоло Дибала, Един Џеко и Нејмар постигнаа по три погодоци во натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите и многумина претпоставуваа дека некој од нив тројца ќе ја добие наградата за најдобар во второто коло од Лигата на шампионите.
Но од УЕФА не мислеа така и веројатно во предвид земаа што Јувентус, Рома и ПСЖ играа со послаби ривали, па играч на колото беше – Лионел Меси!
Аргентинецот постигна два погодоци во победата на Барселона над Тотенхем од 2:4 и нема сомневање дека УЕФА одлучувала по тежината на натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=kTMGpP0tw8w