Дома Фудбал Италија Дибала му се довери на Меси и ги разочара „бјанконерите“

Дибала му се довери на Меси и ги разочара „бјанконерите“

Како што пренесуваат италијанските и шпански медиуми Дибала после мечот против Барселона имал разговор со Лео Меси и изразил сомнеж во квалитетот на тимот на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Аргентинец смета дека овој Јувентус не е доволно добар да ги повтори успесите од претходните години и да стигне до завршницата од Лигата на шампиони.

Дибала верува дека тимот полека паѓа и дека е потребно да се направи смена на генерации, но Аргентинецот не сака да чека, па не е невозможно да го напушти клубот следното лето.

Реал е прва опција, но тешко дека некој клуб ќе плати 200 милиони евра за Дибала колку што бараат „бјанконерите“.

Дибала и самиот пред некоку дена изјави дека не може да гарантира дека ќе остане во Јувентус, дава се за клубот, но во фудбалот никогаш не се знае.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…