Дома Топ вести Дибала донесе одлука – сака да ја напушти „старата дама“

Дибала донесе одлука – сака да ја напушти „старата дама“

„Тутоспорт“, весник кој е близок до Јувентус пренесува дека Пауло Дибала сака да ја напушти „старата дама“ во овој преоден рок.

За да го стори тоа има уште помалку месец и половина, а доколку сака да се пресели во Англија ќе мора да го реализира трансферот во следните 15 дена затоа што таму преодниот рок се затвора на 8 август.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот медиум пишува дека по најновиот развој на настаните, Јувентус ќе го вклучи Дибала во понудата која ќе ја испрати до Манчестер Јунајтед за Пол Погба.

Дибала е отворен за преселба во Премиер лигата, но за него силен интерес покажува уште и Пари Сент Жермен, особено доколу Нејмар си замине од Париз ова лето.

Дибала минатата сезона одигра под своите квалитети и падна во сенка на Кристиано Роналдо, па поради тоа е спремен да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…