Дома Фудбал Италија Дибала: Договорот со Јувентус го потпишав на плажа!

Дибала: Договорот со Јувентус го потпишав на плажа!

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала даде интересно интервју во кое откри како го потпишал договорот со италијанскиот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот откри дека договорот за неговиот трансфер од Палермо во Јувентус го потпишал додека бил на плажа.

„Денот кога потпишав договор со Јувентус беше специјален. Бев на одмор со мојот брат и пријателите. Договорот пристигна во мојата хотелска соба додека бев на плажа. Дојдов во хотелот, го потпишав договорот и се вратив на плажа да се сончам“, открива Дибала.

„Од мал гледам и играм фудбал. Со моите пријатели сакавме да бидеме новите Роналдињо и Роналдо. Бев пресреќен кога дебитирав со сениорски тим на 17 години. Јас секогаш го давам најдоброто од себе на теренот и сакам да ги направам среќни фановите“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…