Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала сигурно ќе го напушти Јувентус и тоа е само прашање на време.
Јувентус донесе одлука да го продаде Аргентинецот, па откако пропадна неговиот трансфер ова лето, „старата дама“ ја одложи продажбата за шест месеци.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед беше во преговори со Аргентинецот, но силен интерес за неговиот потпис покажа и Тотенхем. „Спарси“ внимателно ја следат ситуацијата и се спремни на Јувентус да му понудат спектактакуларна трампа во јануари.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е спремен да го понуди Кристиан Ериксен во замена за потписот на Дибала.
Дибала не е задволен од својот статус во Торино, додека Ериксен е на излезна врата од Тотенхем, а за него сериозен интерес покажува и Јувентус.
Christian Eriksen and Paulo Dybala in a swap deal?
— BBC Sport (@BBCSport) September 11, 2019
That's what the papers say.
Read more: https://t.co/PFcGgJKnJB pic.twitter.com/EYm5APztHQ