Дома Фудбал Италија Ди Франческо откри дали Наинголан ќе игра на „Камп Ноу“

Ди Франческо откри дали Наинголан ќе игра на „Камп Ноу“

Рома утре и гостува на Барселона во дуел од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а под знак прашалник е настапот на Раџа Наинголан.

Белгиецот се опорави од повредата и отпатува со тимот во Барселона, но Ди Франческо го стави под знак прашалник неговиот настап.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќни сме што сме тука и што имаме шанса да играме дуел на ова ниво. Треба да направиме нешто големо и да мислиме позитивно, знаејќи дека играме против еден од најдобрите тимови во светот“, изјави Ди Франческо.

„Барселона е тим со неверојатни квалитети, не треба да им даваме многу простор. Наинголан е важен фудбалер за нас и денес ќе тренира со тимот. Можноста да игра утре е 50%, но важно е дека успеавме да го рехаблитираме Пелегрини. Во овој тим сите играчи се подеднакво важни, и тие кои ќе го почнат мечот и тие кои ќе бидат на клупата“, додаде тренерот на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …