Дома Трансфер зона Ди Марија од следната сезона во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Ди Марија од следната сезона во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Анхел Ди Марија на крајот од сезоната би можел да го напушти ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, во редовите на шампионот на Франција планираат да го продадат Аргентинецот кој не се покажа во најдобро светло. ПСЖ лесно дојде до титулата во Франција, но Ди Марија следната сезона би можеле повторно да го гледаме во Шпанија.

„Don Balon“ наведува дека сепак тоа нема да биде Реал Мадрид, каде што веќе настапуваше, туку Атлетико Мадрид или Барселона. Во Барселона спремаат промени по испаѓањето од Лигата на Шампионите, а наводно на трансферот работи и неговиот приајтел Меси.

Сепак, ниту тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не е имун на квалитетот кој го поседува овој фудбалер, па ќе биде многу интересно ова лето на трансфер пазарот. Ди Марија има договор со ПСЖ до 2021. година, а богатите сопственици на овој клуб од неговата продажба би можеле да ги вратат вложените 63 милиони евра, колку што изнесуваше неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…