Дома Фудбал Франција Ди Марија: Не Меси не му е лесно, цел живот го помина во Барселона

Ди Марија: Не Меси не му е лесно, цел живот го помина во Барселона

Aнхел Ди Марија во француските медиуми зборуваше за Лионел Меси на кој сезонава не игра според очекувањата во ПСЖ, но има проблеми и со повредите.

Според Ди Марија кој е во клубот од 2015 неговиот сонардоник сега е среќен после периодот на прилагодување во новата средина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој е најдобриот играч во светот и секогаш мора да биде на теренот. Не му е лесно, целиот живот го помина во Барселона. Нова куќа, нов училиште за неговите деца…Сигурно не е туку-така. За некој кој често менува клубови можеби не е проблем, но Меси не е од тие играчи“.

„Во фудбалот немате многу време, критиките брзо доаѓаат. Најважно е ние да бидеме заедно, тимот да се чувствува добро, работие ќе одат на подобро. Зад Меси е важна година во кариерата, мило ми е што конечно ја освои Копа Америка“, изјави Ди Марија.

Меси во ПСЖ на 10 натпревари постигна четири гола, во Лига 1 има само еден на шест настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…