Дома Фудбал Останато Ди Марија: Клубот ќе купува, па некој мора да биде продаден

Ди Марија: Клубот ќе купува, па некој мора да биде продаден

Аргентинецот од редовите на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде дел од овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Паркот на Принцовите“ се очекува бурно лето, се најавуваат големи промени во играчкиот кадар. Да потсетиме, стратегот Унаи Емери веќе потврди дека го напушта клубот.

„Се е можно. Јас сум среќен тука, но ситуацијата е таква што клубот мора да доведува нови играчи, па некој ќе мора да биде продаден. Не зависи од мене дали ќе останам, клубот ќе одлучи“, изјави Ди Марија.

ПСЖ од наредната сезона ќе биде предводен од Томас Тухел. Медиумите веќе започнаа да шпекулираат, но преодниот рок не е започнат па во овие моменти тоа се само гласини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал на Мундијалот: Име на забранета легенда во Турција се појави на стадион (Фото)

Фудбалската репрезентација на Турција доживе рано испаѓање на Мундијалот. По поразот од Ав…