Дома Фудбал Останато Дешамп: Тоа што го прави Мбапе не е нормално!

Дешамп: Тоа што го прави Мбапе не е нормално!

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп не ги штедеше пофалните зборови за младата француска ѕвезда Килијан Мбапе.

Актуелниот светски шампион во следниот период ќе игра два натпревари, со Исланд и Германија, а Дешамп е воодушевен од тоа што го прави Мбапе.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Килијан прави необични нешта. Тоа што може да го направи на толку млада возраст, не е нормално. Не можеш да го поставиш во ниту една категорија. Играч како него се појавува еднаш на 50 години. Привилегиран сум што е Французин и игра за нас“, истакна Дешамп.

„Многу брзо учи и знае дека може уште многу да се подобрува. Тоа што постигна четири гола за десетина минути е едноставно Килијан. Неговите квалитети се навистина импресивни и се што постигна до овој момент е навистина неверојатно“, додаде францускиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…