Дома Трансфер зона Деталите од трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Деталите од трансферот на Мбапе во Реал Мадрид

Во денешното издание на „Марка“ беше објавено дека Килијан Мбапе ставил потпис на договор со Реал Мадрид, а сега се откриваат и деталите од договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите Мбапе се согласил на договор на пет години со плата помеѓу 15 и 20 милиони евра плус бонуси.

Во дополнителниот текст со деталите се наведува дека финанискиот дел бил за нијанза понизок од соработката која била договорена во 2022 година кога Мбапе на крајот се премисли и го продолжи договорот со ПЖС.

Платата не се прецизира, но ќе биде помеѓу 15 и 20 милиони евра со дополнителни бонуси. Со ваквите примања ќе биде најплатениот фудбалер на Реал Мадрид.

Ќе потсетиме во 2022 година се пишуваше за сума од 130 милиони евра која Мбапе ќе ја добие со потписот на договорот како бонус, меѓутоа сега и тука има корекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…