Дома Фудбал Лига на шампиони Детал кој скоро и да помина незабележано: Како Ракитиќ за овој старт не беше санкциониран? (ФОТО)

Детал кој скоро и да помина незабележано: Како Ракитиќ за овој старт не беше санкциониран? (ФОТО)

Барселона го победи Ливерпул со 3:0 во првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Лионел Меси заслужено се слави како херој во победата на Барселона, свој допринос во победата даде и хрватскиот играч за врска Иван Ракитиќ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа денес на спортските страници се разви дебата за еден старт на Ракитиќ уште во 10-тата минута од натпреварот над Наби Кеита. Се играше 10-тата минута кога Ракитиќ грубо од зад грб стартуваше врз Кеита.

Во прв момент тоа не изгледаше толку опасно, но ако се погледнат фотографиите може да се забележи дека Хрватот можеше сериозно да го повреди Кеита.

Кеита се превиткуваше на теренот после овој старт на Ракитиќ, меѓутоа судијата Бјорн Кјуперс на Ракитиќ не му покажа ниту жолт картон за овој старт.

Само 14 минути подоцна Кеита мораше да биде заменет, а Клоп остана без важен играч во средината на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…