Дома Фудбал Англија Денес е еден од најдобрите во светот, а кога дошол во Сити бил спор, низок и не знаел англиски

Денес е еден од најдобрите во светот, а кога дошол во Сити бил спор, низок и не знаел англиски

Поранешниот голман на Манчестер Сити, а сега член на Барнли се потсети на летото 2010 година кога Давид Силва пристигнал на „Етихад“ од Валенсија за 30 милиони евра.

Првиот впечаток кој го добил Харт за денес еден од најдобрите играчи на Сити и во светот е дека немало долго да се задржи, меѓутоа Силва и оваа сезона го носи дресот на актуелниот шампион на Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Беше низок, спор и не зборуваше англиски. Тоа беше Силва кога за 30 милиони евра дојде во Манчестер Сити. Не знаеше на која позиција треба да игра изгледаше изгубено“, откри Харт.

Сепак, Силва брзо напредувал.

„Набрзо го подигна нивото, се прилагоди и започна да ги покажува своите квалитети. Прерасна во скоро совршен играч на кого единствен хендикеп му е висината. Меѓутоа тој тоа го надополнува затоа што е вистински мајстор“, заклучи Харт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…