Дома Останати Кошарка НБА Денвер и без Јокиќ го победи Далас, Дончиќ скромен 🎥

Денвер и без Јокиќ го победи Далас, Дончиќ скромен 🎥

Не видовме пресметка помеѓу Лука Дончиќ и Никола Јокиќ затоа што српскиот кошаркар се уште се опоравува од коронавирусот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, тоа не беше пречка за Денвер да слави со минимални 98:97. Дончиќ имаше обид од половина терен со звукот на сирената да го спаси Далас, но не успеа.

Натпреварот Словенецот го заврши со 22 поени на кои додаде уште девет скока и осум асистенции, иако се работи за солидни бројки, ова е еден од најслабите учиноци на Дончиќ сезонава. Кај Денвер Хиланд беше најдобар со 29 поени.

По завршувањето на суспензијата Кајри Ирвинг се врати кај Бруклин и му помогна на својот тим да слави победа против Мемфис со 127:115. Со 26 поени натпреварот го заврши Кевин Дурант.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Сакраменто – Детроит 137-129, Вашингтон = Шарлот 106-102, Бруклин – Мемфис 127-115, Кливленд – Мајами 113-87, Хјустон – Голден стејт 120-127, Далас – Денвер 97-98, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 123-92.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…