Дома Останати Кошарка Делонте Вест повторно прави проблеми: Подобар сум од Леброн и Џордан, јас сум Исус!

Делонте Вест повторно прави проблеми: Подобар сум од Леброн и Џордан, јас сум Исус!

Поранешната ѕвезда во НБА, Делонте Вест минатата година беше во центар на внимание откако американските медиуми објавија дека е бездомник.

Потоа газдата на Далас маверикс, Марк Кјубан лично го пронајде и му помогна да се врати на вистнски пат, но тоа беше за краток период зашто Вест повторно се посвети на алкохолот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот кошаркар беше уапсен на Флорида, кога беше забележан во алкохолизирана состојба. Тој удираше во вратите на една куќа, а при апсењето почнал да ги пцуе полицајците и да дава отпор.

„Подобар сум од Леброн и од Џордан. Бев најдобар во овој спорт. Јас сум Исус Христос“, викал Вест додека полицајците се обидувале да го уапсат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Евролигата не простува: Го суспендираше Теодосиќ и му изрече голема парична казна

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, доби суспензија од Евролигата поради неговото…