Дома Трансфер зона Де Јонг доаѓа во Барса, кој ќе мора да си оди за да направи место за младата ѕвезда!?

Де Јонг доаѓа во Барса, кој ќе мора да си оди за да направи место за младата ѕвезда!?

Младиот играч е капарисан и веќе се гледа како член на стартниот состав на Барселона во следната сезона, се разбира неговото доаѓање претставува и заминување на одредени играчи.

Прв на листата е Чилеанецот Артуро Видал, кој според пишувањето на шпанскиот „Спорт“ ќе ги напушти Каталонците по само една сезона. Искусниот играч оваа сезона одигра 45 натпревари за клубот од „Камп Ноу“, но повеќето ги започна како резервен играч, така да заминувањето е се поизвесно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанците исто така пишуваат дека Интер е првиот фаворит за потписот на Чилеанецот, потсетуваме, Интер го следи Видал од кога одлучи да го напушти Баерн Минхен и беа блиску до неговиот потпис, но Барса успеаа да го убеди и да го купи.

Меѓутоа, постои можнст 31-годишниот играч за врска сепак да заврши на „Меаца“, место каде што играше неколку пати кога го носеше дресот на најголемиот ривал од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…