Дома Фудбал Останато Де Роси поради бизарна ситуација морал да одбие три клуба од Серија А

Де Роси поради бизарна ситуација морал да одбие три клуба од Серија А

Легендариот фудбалер на Рома Даниеле Де Роси беше приморан да одбие три понуди од Серија А.

Фиорентина, Кротоне и Каљари се клубовите кои сакаа да го доведат Де Роси на клупата, но поранешниот фудбалер морал да ги одбие нивните понуди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Де Роси се уште ја нема потребната тренерска лиценца затоа што не го завршил курсот на УЕФА за Б-А лиценца во Конверциано.
Курсевите констатно се одложуваат поради делот на семинарот кој се однесува на работата на терен, а причината е ситуацијата со коронавирусот.

За тренирање во Серија А потребна е УЕФА про лиценца чиј курс секоја година почнува во септември, но оние кои сакаат да се запишат мораат да го имаат положено претходното ниво најмалку осум месеци претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…