Дома Трансфер зона Де Роси го шокира Рим: Не знам каде ќе играм следната сезона!

Де Роси го шокира Рим: Не знам каде ќе играм следната сезона!

Легендата на Рома, Даниеле де Роси ги шокира навивачите на „волчицата“ со изјавата која ја даде поврзана за неговата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома ова лето ќе се прости од својот „Принц“ кој веќе најави пензионирање, но може да остане и без другата легенда, Даниеле де Роси.

Имено, договорот на играчот за врска истекува на крајот на сезоната, а тој се уште нема постигнато договор за продолжување на соработката.

Медиумите тврдат дека Де Роси има понуди од Интер, Милан, Јувентус и уште неколку клубови, а самиот тој не ја отфрли можноста да замина од „Олимпико“.

„Не знам дали и следната сезона ќе бидам во Рома. Се уште не сум донел одлука, ќе треба добро да размислам“, изјави Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…