Дома Фудбал Останато Де Лихт ја откри разликата помеѓу Баерн и Јувентус

Де Лихт ја откри разликата помеѓу Баерн и Јувентус

Холандскиот стопер Матијас де Лихт ова лето го напушти Јувентус и се пресели во Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Де Лихт во 2019 година пристигна во Јувентус за 85 милиони евра, но не и оправда во целост очекувањата, па беше продаден во Баерн за 70 милиони евра.

Холанѓанецот сега направи споредба помеѓу двата клуба, а тоа сигурно нема да им се допадне на „бјанконерите“.

„Поминав убав период во Јувентус, но почувствував дека ми е потребен нов предизвик. Јуве е голем тим, но трансферот во Баерн беше голем чекор напред за мене. Зошто? Затоа што Баерн има амбиции да ја освои Лигата на шампиони. Тоа не го почувствував во Јувентус“, изјави Де Лихт.

„Баерн Минхен е поблиску до филозофијата на холандската репрезентација. Задоволен сум од тоа како поминаа првите два месеци“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…