Откако утрово детали за трансферот на Елмас објави експертот за трансфери Фабрицио Романо, потврда стигна и од претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Првиот човек на актуелниот италијански шампион објасни зошто Наполи го продал Елмас на Лајпциг.
Едноставно македонскиот репрезентативец сакал да биде во клуб каде што ќе игра повеќе.
„Трансферот на Елмас е завршена работа, го продадовме. Сакаше да игра постојано, па одлучивме да го пуштиме“, изјави Де Лаурентис.
Како оштета Наполи од заминувањето на Елмас ќе добие сума од 25 милиони евра.