Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Не знам дали имаме потреба од Хамес, ама Анчелоти го сака!

Де Лаурентис: Не знам дали имаме потреба од Хамес, ама Анчелоти го сака!

Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис зборуваше за трансферната политика на клубот и потврди дека се блиску до трансфер на Хамес Родригез.

Колумбецот е голема желба на тренерот Карло Анчелоти, а медиумите тврдат дека трансферот е блиску до реализација за сума од околу 40 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хамес е најголемата желба на Карло Анчелоти. Не знам дали 100% имаме потреба од него, но нема сомнеж дека тој е голем играч. Јас сакам да му ја исполнам желбата на тренерот, а тој го сака Родригез. Тоа ќе биде многу скапа зделка, но преговорите се веќе во напредна фаза“, потврди Де Лаурентис.

Претседателот на Наполи потврди дека клубот го сака и Костас Моналас, кој би требало да пристигне како замена за Раул Албиол.

„Работиме на трансферот на Манолас откако Албиол ни кажа дека сака да си оди.Меѓутоа, Манолас има многу проблеми со карактерот и треба да го промени ако сака да игра за нашиот клуб. Нашите играчи треба да бидат поспокојни“, заклучи Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…