Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Да, Спалети заминува

Де Лаурентис: Да, Спалети заминува

Лучијано Спалети заминува од Наполи, ова го потврди и првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Успеа Спалети по 33 години да донесе Скудето под Везув, но сепак на крајот Елиф Елмас и Наполи ќе добијат нов тренер. Според изјавата на Де Лаурентис, Спалети сакал да се одмори.

„Спалети ми кажа дека би сакал да се одмори една година. Можам ли да му кажам не? Лично на мене и целиот Наполи ни даде многу и од срце сум му благодарен. Дојде кај мене и ми кажа дека дал се од себе и сега кругот е затворен. Што би можел јас да кажам на тоа“, изјави Де Лаурентис.

Во јавноста претходно се шпекулираше дека Де Лаурентис заминува поради несогласувања околу трансфер политиката на клубот за преодниот рок кој следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потрес на Островот: Веќе се најавува следниот клуб на Пеп?!

Вчера Манчестер Сити ремизираше на гостувањето кај Борнмут, што значи дека математика го о…