Дома Фудбал Репрезентации Де Бур победи со 7:0 и ги нападна аматерите од Гибралтар: Мило ми е што ова заврши…

Де Бур победи со 7:0 и ги нападна аматерите од Гибралтар: Мило ми е што ова заврши…

Холандија вчера на гостувањето ја совлада селекцијата на Гибралтар со 7:0.

Екипата на Франк де Бур очекувано лесно стигна до победата, но холандскиот тренер после натпреварот жестоко ја нападна оваа аматерска селекција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ова е антифудбал. Сите паѓаат после еден додир, а нивната комплетна клупа скокнува да се жали. Голманот по цела минута ја исфрлаше топката. Ме изморија. Мило ми е што овој натпревар е зад нас.“ – рече Де Бур.

Холандија после три одиграни натпревари има шест освоени бода, исто како и Црна Гора и Норвешка, а напред е Турција со бод повеќе.

Во следното коло во септември Холандија гостува во Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…