Дома Топ вести Две ѕвезди на Челзи се селат во Мадрид

Две ѕвезди на Челзи се селат во Мадрид

Челзи оваа сезона ги надмина сите очекувања и тимот на Антонио Конте е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата.

Сепак, покрај добрите резултати во Челзи се припремаат за бурен трансфер период бидејќи сакаат да го засилат тимот со неколку звучни имиња за наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таков е случајот и со Реал Мадрид, кој веќе не навикна секое лето да носи некоја голема ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“, а медиумите тврдат дека ова лето таа ќе пристигне токму од Челзи.

Имено, англиските медиуми тврдат дека „кралевите“ се силно заинтересирани за Еден Азар и Тубо Куртоа. Веќе подолго време се шпекулира со преселба на овие фудбалери во Шпанија, но сега „Гардијан“ тврди дека Реал ја започнал мисијата за нивно купување.

Останува да видиме како на ова ќе реагира Челзи кој не сака да се раздели со своите ѕвезди. Едно е сигурно… не чека жешко лето!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…