Дома Трансфер зона Двајцата во Јунајтед ја поминаа скоро цела кариера, а сега заедно се селат во ист клуб?

Двајцата во Јунајтед ја поминаа скоро цела кариера, а сега заедно се селат во ист клуб?

Двоецот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард и Фил Џонс ќе бидат главни мети на Вест Хем ова лето, пишуваат дел од англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот Дејвид Мојс веќе соработуваше со нив додека беше на клупата на „црвените ѓаволи“ и сака да ја обнови соработата, но само во случај Вест Хем да не испадне од лигата.

Ќе потсетиме, „чеканите“ во овој момент се на 16. позиција со само четири бода над опасната зона, а до крајот на Премиер лигата останати се само уште пет кола.

Инаку, клубот од Лондон би требало да има конкуренција за доведување на споменатите играчи. За Џонс наводно се интересира Њукасл, додека Лингард се поврзуваше со Рома и Евертон.

Двајцата фудбалери во Јунајтед се долги години, но во последно време се во втор план и многу се пишува за нивно заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…