Дома Фудбал Италија Дармијан пред потпис со Јувентус

Дармијан пред потпис со Јувентус

Италијанскиот дефанзивец Матео Дармијан ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во италијански Јувентус.

Според ителијанските медиуми, Јувентус и Јунајтед договориле позајмица на 29-годишниот бек до крајот на сезоната, а за таа услуга Црвените ѓаволи ќе инкасираат три милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Исто така, Бјанконерите ќе имаат можност за откуп на договорот, а тоа ќе ги чини дополнителни осум милиони.

Тренерот на Јуве, Макс Алегри на прес конференција призна дека еден трансфер е блиску до реализација, и дека Јуве му ја отворил излезната врата на Спиназола.

„Спиназола ќе замине, но само ако успееме да најдеме негова замена.“ – изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…