Дома Фудбал Останато Дани Алвеш: Нејмар требаше да излезе од сенката на Меси

Дани Алвеш: Нејмар требаше да излезе од сенката на Меси

Нејмар ова лето го „шокираше“ фудбалскиот свет кога ја напушти Барселона и се пресело во Пари Сент Жермен за сума од 222 милиони евра.

Неговиот сонародник и соиграч Дани Алвеш смета дека Нејмар се одлучил на таков чекор за да избега од сенката на Лео Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сметам дека Нејмар заедно со Меси е фудбалер кој има најголемо влијание врз светскиот фудбал. Поради тоа тој требаше да излезе од сенката на Меси. Да играш со уникатен фудбалер како Лео е нешто најдобро што може да му се случи на еден фудбалер. Меѓутоа, најважно за Нејмар е да го следи својот сопствен пат“, изјави Дани Алвеш.

Нејмар игра фантастично оваа сезона во дресот на ПСЖ и до овој момент има постигнато 17 гола и запишано 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…