Во изминатата сезона во Манчестер Јунајтед беше бурно, па навивачите ќе се обидат што поскоро да ја заборават.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во летниот преоден рок англискиот тим се спрема за големи промени во играчкиот кадар и сите се надеваат на подобри денови.
Многу прашања се поврзани околу евентуалното заминување на Пол Погба, кој имаше сезона под очекувањата. Французинот е големо разочарување, а се шпекулира дека е мета на Реал Мадрид и Јувентус.
Од Јунајтед се уште немаат одговор, но интересно е што на промоцијата на новите дресови како модел се појави токму Погба.
Дали тоа значи дека и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на „црвените ѓаволи“, останува да видиме, но медиумите на Островот тврдат дека овој потег е голема индиција за неговото останување на „Олд Трафорд“.
