Дома Топ вести Дали Немања Матиќ сам бара начин да пристигне во Јувентус?!

Дали Немања Матиќ сам бара начин да пристигне во Јувентус?!

Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ кој моментално настапува за Челси се поврзува со преминување во редовите на Јувентус.

Матиќ најмногу се поврзуваше со „Црвените ѓаволи“, но заминувањето во Италија е многу поверојатна опција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Неодамна се појавија информации дека Челси не сака да го пушти Немања во екипата која им е директен конкурент во англиското првенство. По пристигнувањето на Бакајоко од редовите на Монако, кој игра токму на позицијата на Матиќ големи се шансите репрезентативецот на Србија да ги напушти „Плавите“.

Медиумите пренесуваат дека Матиќ прифатил за замине во Јувентус, но дека сака Челси да ја намали цената од 40 милиони фунти колку што бараат за него, се со цел трансферот да се реализира.

Јувентус не е единствена екипа од Италија која го посакува во своите редови, тука се споменуваат и милански Интер кој исто така сака да го ангажира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…