Дома Останати Кошарка Далас поразен, ќе се игра петти натпревар

Далас поразен, ќе се игра петти натпревар

Во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција, Минесота ги совлада Маверикс со 105:100 во Далас, и намали резултатот во финалето на Западот на 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маверикс имаа можност да ја завршат работата на домашен терен, без преголем стрес и да обезбедат пласман во големото финале. Но, конференциското финале не се добива така лесно, како што покажа Минесота, која покажа дека е жива и дека има намера да се бори.

Тимбервулвс сега имаа можност да намалат и на 3:2 бидејќи ќе бидат домаќини во петтиот натпревар. Лука Дончиќ повторно стигна до трипл-дабл (28 поени, 15 скока и 10 асистенции), но промаши 14 од 21 обид од поле, додека Кајр Ирвинг погоди само шест од 18 обиди, мечот го заврши со 16 поени.

Кај двата тима најефикасен беше Ентони Едвардс со 29 поени. Тој имаше и 10 скока и девет асистенции. Карл Ентони Таунс одигра уште една маестрална партија со 25 поени. Дабл-дабл учинок имаше и Руди Гобер со 13 поени и 10 скока. Петтиот натпревар на распоредот е во Минеаполис во петок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…