Дома Фудбал Даглас Коста вчера со „Роналдињо“ финта си поигра со играчот на Ајакс (ВИДЕО)

Даглас Коста вчера со „Роналдињо“ финта си поигра со играчот на Ајакс (ВИДЕО)

Вчера Јувентус и Ајакс одиграа 1:1 во првото четвртфинале во Амстердам на „Јохан Кројфт“ Арената.

„Старата дама“ дојде до водство во последните секунди од првото полувреме кога Кансело одлично го пронајде Роналдо кој со глава го матираше голманот на Ајакс Онана. Ако Јувентус поведе во последните секунди од првото, Ајакс изедначи во првите секунди од второто полувреме. Токму асистентот Кансело изгуби една топка после која Нересмајсторски го матираше Шчесни.

Бразилецот Даглас Коста во игра влезе во 60-тата минута од натпреварот, а до крајот имаше и прилика да постигне погодок, но ја погоди стативата.

Освен во таа ситуација Коста се истакна и кога во стилот на легендарниот Роналдињо ја протна топката низ нозете на играчот на Ајакс.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…