Дома Фудбал Гризман ја напушти Барселона два часа после поразот од ПСЖ

Гризман ја напушти Барселона два часа после поразот од ПСЖ

Роналд Куман на своите играчи им даде два дена одмор, а Антоан Гризман ја искористи приликата да ја напушти Барселона.

Иако главите се уште не ги оладиле после тешкиот пораз, Гризман ја напушти Шпанија. Додека сите заминале во своите домови, Французинот се упатил кон аеродромот.

Камерите го фатиле Гризман и го снимиле како заминува на аеродромот. Негова дестинација во следните два дена ќе биде Франција.

Имено, овој 29-годишен играч ќе ги искористи слободните денови да го посети своето семејство во Франција.

За време на “бегството“ се обиде да се маскира, но новинарите сепак го забележале. Одби да даде било каква изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…