Дома Фудбал Англија „Граѓаните“ задоволни и без трофеј – спремаат нов договор за Гвардиола!

„Граѓаните“ задоволни и без трофеј – спремаат нов договор за Гвардиола!

Управата на Манчестер Сити почна преговори со менаџерот Пеп Гвардиола за продолжување на договорот кој е со важност до 2019 година.

„Граѓаните“ оваа сезона не освоија ништо, но раководството на премиерлигашот е задоволно од работата на менаџерот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Желба на управата на клубот од „Етихад“ е Гвардиола да биде под договорот уште неколку сезони, но останува да се почека одговорот од каталонскиот стратег.

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува голем буџет за засилување во претстојниот преоден рок и дека тоа може да биде една од причините Гвардиола да се согласи на продолжување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…