Се погласни се најавите од Италија дека Јувентус постигнал договор со новиот тренер и Масимилијано Алегри кој има сезона под очекувањата ќе замине на крајот од сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најавите од италијанските медиуми се дека Јувентус се договорил со поранешниот тренер на Интер, Тијаго Мота.
Јувентус наводно постигнал вербален договор со Мота кој сезонава одлично ја води Болоња и е на добар пат да се избори за настап во Лигата на шампионите, што за овој тим би бил огромен успех.
Засега не се објавуваат детали, меѓутоа се тврди дека двете страни имаат договор и во наредниот период се ќе биде познато. Болоња во овој момент се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А.