Напаѓачот на Интер Стеван Јоветиќ до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер на Севиља, откако двата клуба постигнаа договор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јоветиќ не добиваше шанса кај „нероаѕурите“ оваа сезона и реши да ја промени средината, а Севиља покажа најсилен интерес за неговите услуги.
Имено, шпанскиот клуб постигна договор со Интер за шестмесечна позајмица на Црногорецот со право на откуп на крајот на сезоната.
Јоветиќ денес пристигна во Севиља на медицински прегледи и набрзо треба и официјално да стане члена на клубот од Андалузија.