Дома Топ вести Готово: Челзи и Лајпциг се договорија за Нкунку

Готово: Челзи и Лајпциг се договорија за Нкунку

Челзи го договори трансферот на ѕвездата на Лајпциг, Кристофер Нкунку, кој ќе пристигне на „Стенфорд Бриџ“ следното лето.

Нкунку веќе потпишал преддоговор со Челзи, а „сините“ денес постигнаа договор со Лајпциг.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Нкунку во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, а Челзи се согласил да плати 70 милиони за да ја победи конкуренцијата.

Нкунку минатата сезона беше најдобар фудбалер во Бундеслигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но сепак реши да остане уште една сезона во Лајпциг.

Немаше среќа и се повреди само три дена пред Мундијалот, а на лето ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…