Дома Фудбал Англија Готово: Санчез успешно ги мина лекарските прегледи!

Готово: Санчез успешно ги мина лекарските прегледи!

Трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Јунајтед веќе може да се смета за завршена работа.

Чилеанецот успешно ги мина медицинските прегледи во базата на Манчестер Јунајтед во Карингтон, што беше и последен услов за реализација на трансферот, пренесуваат англиските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Санчез беше сликан од папараците како пристигнува во базата на Манчестер Јунајтед, а се очекува трансферот денес или најдоцна утре да биде официјално потврден. Чилеанецот од вторник ќе почне да тренира со остатокот од тимот.

Во исто време утре се очекува официјално да биде објавен и трансферот на Хенрик Михтаријан во Арсенал, кој беше дел од зделката на Чилеанецот.

Се очекува Алексис да стане најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед. Во следните четири и пол години тој ќе ги чини „црвените ѓаволи“ околу 180 милиони фунти за плати и бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…